СПОРТСКО
РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР 26 АПРИЛ
ГЕВГЕЛИЈА
СПОРТСКО РЕКРЕАТИВЕН ЦЕНТАР 26 АПРИЛ се наоѓа во центарот
на градот во близина на хотелот Југо. Комплексот е изграден
1983 година и во својот состав има голема спортска сала со
капацитет од 1800 седишта, една помошна сала. Големата сала
се користи за натпревари и тренинзи во ракомет, кошарка, одбојка
и во мал фудбал, додека малата за тренинзи и за настава во
рамки на школскиот центар кој се наоѓа во близина. Во салата
можат да се одржуваат и натпревари во други спортови како
гимнастика, борење, џудо, карате, пинг понг и други спортови.
Во приземјето на салата се наоѓа супермаркет и ресторан за
брза храна.
Адреса:
Гевгелија
Гевгелија СРЦ " 26 Април"
ул. Татја Бикова бб
1480 ГЕВГЕЛИЈА
МАКЕДОНИЈА
тел.: + 389-34 213 220
|