Распоред и резултати Резултати во живо  

 Новости
 Групи
 Распоред и резултати
 Резултати во живо
 Репрезентации
 Официјални лица
 Организационен комитет
 Сали
 Сместување
 Историја на СП
 За Македонија
 Спонзори
 Фото галерија
 Контакт
 
 English version

 
   За Македонија 

СКОПЈЕ
Популација: 690.000 жители
Скопје е главниот град на Република Македонија и е центар на сите економски, културни, едукативни и спортски збиднувања. Градот е лоциран во центарот на Балканскиот полуостров, и се простира на двете страни од реката Вардар. Стратегиската положба која ја има Скопје, придонела мешање на многу цивилизации, култури и патишта низ вековите.
На почетокот на новата ера, Скупи (старото име на Скопје), претставувала најголема и најважна станица на трговскиот пат помеѓу Солун и Дунав. Скупи тогаш имало статус на колонија.
Скупи го добило името Скопје, кога Словените дошле во градот - во седмиот век. Гредот бил предизвик на многу воени освојувачи, па неколку пати бил пален, уништуван, но ја имал таа несреќа да го погодуваат многу природни катастрофи. Но, градот секогаш ги пребродувал неприликите, и станувал с$ посилен и поголем. Светот с$ уште го памети силниот земјитрес кој го погоди Скопје во 1963 година, кога градот загуби многу урбани симболи, но беше обновен благодарејќи на хуманоста од целиот свет.
Остатоците од Римското време, заедно со христијанските базилики, црквите од Средниот век, многуте џамии останати од Отоманската империја, Камениот мост и Старата чаршија, заедно со сегашните модерни згради му даваат на Скопје имиџ на модерен европски град, каде што се измешани многу култури и цивилизации. Скопје е и родниот град на Мајка Тереза, најголемата хуманитарка од 20 век.
Денеска Скопје е широко распространет и урбанизиран град, со околу 700.000 жители. Градот живее во ритмот на новото, модерно време. Љубезноста и гостопримливоста ја има насекаде.
Опкружувањето на Скопје е полно со природни места за излети и пикници, но и цркви и манастири од Средниот век изградени во блиските планини околу градот.

Доаѓање до Скопје:
Со автомобил:
Автопатот Е-75 во овозможува директна врска со Скопје. Ако доаѓаето од Србија и Црна Гора, по истиот пат можете да продолжите до Гевгелија, а оттаму до Солун и Атина.
Скопје се наоѓа на 20 километри од границата со Србија и Црна Гора, од делот со Косово, 75 км. од границата со Бугарија, 100 км. од границата со Албанија и 200 км. од границата со Грција.
Од поголемите градови во Македонија, Скопје се наоѓа на 30 минути возење од Куманово, 20 мин. од Тетово, 30 мин. од Велес.. Вториот најголем град во Македонија, Битола, е оддалечен од Скопје два часа возење.
Сите информации во врска со патиштата можете да ги добиете на 02 3116 011 (Авто Мото Сојузот на Македонија).

Со воз:
Интернационалната линија Атина - Скопје - Белград - Будимпешта вози секој ден. Од Скопје исто така, со воз можете да отпатувате во Тетово, Гостивар, Кичево, Велес, Прилеп, Битола, Гевгелија. Железничката станица во Скопје се наоѓа на три километри од центарот на градот. Тел: 02 3234 255.

Со авион:
Аеродромот Петровец се наоѓа на 20 километри од градот и овозможува конкции со речиси сите градови во Европа. Такси превозот од аердоромот до центарот на Скопје ќе ве чини околу 15 евра, но можете да го користите и аеродромскиот автобус.

повеќе


 

 

 

 

 

 






 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



 
Кузман Јосифовски Питу 15 | телефон/факс: +389 2 2464000 | e-mail: info@rfm.org.mk