| Женската јуниорска
ракометна репрезентација на Русија е актуелен европски и светски
шампион. Како овластен сукцесор на Ракометната федерација
на СССР, Ракометната унија на Русија во 1992 година беше примена
како полноправна членка на ИХФ и на ЕХФ, и на петте светски
првенства оттогаш има освоено два златни медала (Бугарија
1993 и Унгарија 2001) и еден бронзен (Брегот на слоновата
коска 1997), како и по едно петто (Кина 1999) и осмо место
(Бразил 1995). Во истиот период од европските шампионати Русија
има едно злато (Финска 2002), едно сребро (Франција 2000)
и две бронзи (Полска 1996 и Словачка 1998). Како дел од поранешниот
Советски сојуз, Русија има седум златни медали и еден сребрен
од првите осум светски првенства.
Русија има повеќе од 50.000 регистрирани ракометари, 61 машки
и женски тим се натпреваруваат во суперлигите и во првите
лиги во машка и во женска конкуренција, а повеќе од 200 училишни
тимови се натпреваруваат во пет возрасни категории. Ракометот
во Русија се игра во 46 региони, а водечки ракометни центри
се Волгоград, Краснодар, Москва, Санкт Петербург, Толјати,
Ростов на Дон, Астрахан итн.
Handball Union of Russia
Luzhnetskaya nab. 8
RU-119992 MOSCOW
Russia
Tel.: 7-095-725 47 21
7-095-201 09 21
Fax: 7-095-247 10 38
handball@roc.ru
www.roc.ru/handball
|