| Историјата на
полскиот ракомет почнува во 1918 година. Се верува дека полските
војници кои биле во германскиот кампот Шчипорно ја научиле
играта од германските стражари. Затоа И играта во Полска била
најнапред позната како "шчипорнијак".
Во 1927 година ракометот беше признаен од страна на Полската
асоцијација на спортови, а Полска беше примена во ЕХФ една
година подоцна. Првото првенство во Полска беше одржано во
1930 година, кога учествуваа 11 екипи.
Ракометот во Полска почна динамично да се развива при крајот
на 40-тите години од минатиот век, а веќе во средината на
педесеттите, кога играта почна да се игра со седум играчи,
стана значаен дел од спортот во Полска. Во 1950 година, Полскиот
национален тим го освои петтото место на Светското првеснтво.
Најголемиот успех женскиот ракомет го имаше на СП во Југославија
во 1973 година, кога го освои репрезентацијата го освои петтото
место. Машкиот тим беше десетти на Олимписките игри во Минхен
1972 година, а две години подоцна, на СП мажите беа четврти.
На ОИ во Монтреал 1975 година, Полска беше трета.
На Игрите во Москва, во 1980 година, Полска беше седма, а
две години подоцна, мажите го освоија бронзениот медал на
СП во Германија. Минатата година во Португалија, Полска беше
десетта.
Младинскиот женски тим досега настапувал на пет СП, а најголемиот
успех го имаа во 1985 година во Кореа, кога го освоија третото
место. Полска беше петта во Романија 1977, го освои седмото
место во Франција 1983 година, тринаесеттото во Данска во
1987, а во Бугарија во 1993 година беше осма.
Polish Handball Federation
Zwiazek Pilki Recznej w Polsce
ul. Gdanska 2/24
PL-01-633 Warszava
Tel: ++ 48 22 833 23 37
fax: ++ 48 22 833 23 37
e-mail: zprp@zprp.org.pl
www.zprp.org.pl
|