Распоред и резултати Резултати во живо  

 Новости
 Групи
 Распоред и резултати
 Резултати во живо
 Репрезентации
 Официјални лица
 Организационен комитет
 Сали
 Сместување
 Историја на СП
 За Македонија
 Спонзори
 Фото галерија
 Контакт
 
 English version

 
  Норвешка репрезентација

Норвешката Ракометна Федерација (НРФ) е првенствено младинско движење. Федерацијата има околу 100.000 членови од кои околу 75.000 се активни играчи. Од последниве, близу 70% имаат под 17 години и 70 % се од женски пол. Федерацијата брои 815 клубови.
Во Норвешка жените доминирале во ракометот уште од самиот почеток на спортот. "Ракометарките " се вбројуваат меѓу најпопуларните спортски личности во Норвешка.За популарноста доволно говори податокот дека речиси 1,5 милион од норвежаните го гледале финалето на светското првенство 1999 во Лилехамер и тоа во земја со само 4,5 милиони жители. Интересен податок е и дека одборот на Норвешката Ракометна Федерација е составен од еднаков број на мажи и жени, што доволно говори за големата популарност на ракометот како спорт за жените.
Основата на успехот на репрезентацијата лежи во постоењето на 815 клубови низ Норвешка.Крвотокот на атлетското движење во Норвешка е големиот број на доброволци коишто се ангажирани како членови на одборот и комитетот и како тренери на клубовите. Овие доброволци, со подршка од профеисонални спортски лица придонеле за позитивен развој на норвешкиот ракомет.
Пласман на Норвешката репрезентација на изминатите светски јуниорски првенства во женска конкуренција се:
1977 Светско Јуниорско првенство за жени во Романија - 7-мо место
1979 Светско Јуниорско првенство за жени во Југославија - 7-мо место
1983 Светско Јуниорско првенство за жени во Франција - 9-мо место
1985 Светско Јуниорско првенство за жени во Кореја - 5 -то место
1987 Светско Јуниорско првенство за жени во Данска - 8 -то место
1995 Светско Јуниорско првенство за жени во Бразил - 3 место
1997 Светско Јуниорско првенство за жени во Брегот на Сл. Коска- 4 место
1999 Светско Јуниорско првенство за жени во Кина - 7 место
2001 Светско Јуниорско првенство за жени во Унгарија - 6 место

Norges Handballforbund
Serviceboks 1
Ulleval Stadion
NO-0840 Oslo
Tel: + 47-21-02-90-00
Fax: + 47-21-02-99-51
+ 47-21-02-99-55

nhf@handball.no
www.handball.no

 

Играчи

Бр Презиме Име Дата на раѓање Висина Тежина Клуб
1 ОДЕГАРД Ингрид 01/03/83 179 75 Сола
2 СТАНГ Алет 02/02/84 166 64 Бјорнар
3 ВИФШТАД Хеге 09/02/83 168 70 Селбу
4 РОСЕНЛУНД Лин 04/02/83 173 54 Сола
5 СНОРЕГЕН Гурил 15/02/85 177 67 Бјасен
6 БЈЕРКЕ Тина 19/03/83 170 63 Гјерпен
7 ЛОЕ Мари 23/05/83 183 72 Левангер
8 СНОРЕГЕН Марте 11/01/83 181 75 Бјасен
9 КАНДАЛ Јане 06/02/83 175 68 Треф
10 БИРКЕЛАНД Ингун 14/02/83 172 62 Вег Виперс
11 РИГЕЛХУТ Лин Кр.. 01/08/84 176 66 Ларвик
12 ЛАНГСЕТ Сири 19/03/84 182 75 Левангер
13 БРУСТЕН Ане Р. 16/02/84 175 70 Гјовик Вардал
14 ЕДИН Ања 05/02/83 173 67 Сола
15 СУЛАНД Лин 15/07/84 177 65 Стабек
20 ЗОЛБЕРГ Ина М. 19/09/83 176 62 Бјорнар


Официјални Лица

Презиме Име Функција
ДАХЛ Бент Селектор
БРЕВИК Марит Тренер
ХЕРГЕРСОН Торир Тренер
ОФЕЈМ Јане Физиотерапевт


Официјални бои на дресовите

  Горен дрес Долен дрес Голмански дрес
1 Црвено / Сина Сино / Црвена Жолт
2 Сино / Црвена Сино / Црвена Зелен
3 Бела Сина Црвен









 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



 
Кузман Јосифовски Питу 15 | телефон/факс: +389 2 2464000 | e-mail: info@rfm.org.mk