Позиција:
Македонија се наоѓа во Југоисточна Европа, во срцето на Балканскиот
полуостров. Се граничи со Србија и Црна Гора на север, со Бугарија
на исток, со Грција на југ и со Албанија на западната граница.
Поради ова, Македонија има многу добра местоположба, која и
овозможува добри сообраќајни и економски врски. Македонија припаѓа
на група на мали држави, зашто окупира територија од 25,713
км квадратни, а има 1,945,932 жители (според пописот од 1994
година).
Климатски карактеристики:
Во Јужниот дел од Македонија, климата е речиси медитеранска,
а во централниот и северниот дел од државата е континентална.
Просечната температура е 18,5 степени. Најтопол месец е јули,
а најладно е во јануари.
Околу 80 проценти од територијата е планинска, додека само
20 отсто и припаѓаат на рамниците. Просечната надморска висина
во Македонија е 850 метри.
Реката Вардар е најдолга во Македонија. Целосната должина
на Вардар е 388 километри, а на Македонија и припаѓаат 301
километар. Во неа се влеваат вкупно 37 помали реки.
Во Македонија има неколку природни езера, од кои најзначајни
се Охридското, Преспанското и Дојранското езеро.
Охридското езеро се наоѓа во Југоисточниот дел од Македонија,
крај градовите Охрид и Струга. Најголемата длабочина на езерото
е 287 метри, а видливоста е до 21,5 метри. Езерото е најтопло
во август.
Преспанското езеро се наоѓа близу до градот Ресен, а се наоѓа
на тромеѓето на Македонија, Албанија и Грција. Надморската
висина на езерото е 853 метри, а најголемата длабочина изнесува
54 метри. Езерото е најтопло во август. Карактеристично е
тоа што Преспанското езеро се влива во Охридското, и тоа под
планината Галичица, која ги раздвојува.
Дојранското езеро е најмало и најплитко од трите, па затоа
е и најтопло. Се наоѓа во јужниот дел, а дел од езерото се
наоѓа и во територијата на Грција.
Во Македонија има и вештачки езера, а поголеми од нив се:
Тиквешкото, Мавровското, Дебарското, езерото Матка крај Скопје,
кое и најстаро.
Јазик:
Официјалниот јазик кој се користи во Република Македонија
е македонскиот. Азбуката е кирилична и има вкупно 31 буква.
Аа, Бб, Вв, Гг, Дд, Ѓѓ, Ее, Жж, Зз, Ѕѕ, Ии, Јј, Кк, Лл, Љљ,
Мм, Нн, Њњ, Оо, Пп, Рр, Сс, Тт, Ќќ, Уу, Фф, Хх, Цц, Чч, Џџ,
Шш
Популација:
Во Република Македонија, македонската популација е доминантна.
За време на Отоманската империја, во Македонија се доселени
значителен број на Турци, а бегајќи ог шпанската инквизиција,
во овој дел од Балканскиот полуостров, се населиле и Евреи.
Во средината на 18-тиот век, по уништувањето на градот Москопол
во северна Албанија, во Македонија се доселиле и Власи, а
подоцна во западниот дел од државата се населиле и Албанци.
Според последниот попис, во 1994 година во Македонија живеат
следниве националности:
Попис 1994
____________________
Макадонци 1,295,964
Албанци 441,194
Турци 78,019
Роми 43,707
Власи 8,691
Срби 40,228
Други 38,129
____________________
Вкупно: 1,945,932
____________________
Транспорт:
Во Република Македонија има два меѓународни аеродроми, во
Скопје и во Охрид. Во земјата има околу 10 илјади километри
асфалтни патишта, вклучувајќи и модерен автопат кој ги поврзува
северниот и источниот дел на земјата. За да влезете со автомобил
во Македонија, потребен ви е зелен картон за возилото.
Пари:
Во Македонија се користи денарот. При влегувањето во државата,
треба да ги пријавите парите кои ги внесувате. Странските
валути можете да го промените во многуте банки и менувачници.
1 евро - 61,5 денари
Исти така, може да користите и кредитни картички (Американ
експрес, Виза, Дајнерс, Мастеркард..)
|