| Репрезентацијата
на Данска е еден од главните кандидати за висок пласман на
ова Светско првенство, ако се земе предвид фактот дека женсиот
ракомет во оваа земја секогаш е во европскиот врв. Сениорската
репрезентација на Данска речиси постојано игра во финалните
натпревари на големите натпреварувања. Оваа земја особено
става акцент на работата со младите категории.
Младинската женска репрезентација на Данска досега учествувала
на сите Светски првенства. Најголеми успеси имаат на СП во
1987 и во 1995 година. Во 1987 година, првенството се се одржа
токму во Данска кога го освоија сребрениот медал, откако во
финалето загубија од тогаш неприкосновениот СССР. Истото место
го заземаа и во Бразил 1995 година, кога во финалето загубија
од Романија. Во Кина во 1999 година беа трети ја Унгарија
во малото финале.
На последното СП во Унгарија го освоија седмото место.
|