| СКОПЈЕ |
| Хотел
"Александар Палас" |
 |
Хотелот "Александар Палас" е сместен
покрај реката Вардар на само 3км од центарот на градот. Хотелот
нуди максимален комфор и уживање во сите 135 соби кои се климатизирани
и комплетно опремени со директна телефонска линија, сателитска
и кабловска ТВ, приклучок на интернет и мини бар. Во бизнис
центарот или салата за конференции може да се сместат повеќе
од 1500 лица. |
Може да уживате
во националната кујна во нашиот ресторан во услугите на аперитиф
барот, финтес клубот, тениските игралишта или продавниците за
сувенири.
Тел: +389 2 3092 392
Факс: +389 2 3092 152 |
 |
| |
|
| Хотел
"Континентал" |
 |
Хотелот "Континентал" е со четири звездички
и располага со 200 соби и е на идеална локација во зелена површина
од 2 хектари на само 5 минути од центарот на Скопје. Хотелот
на своите гости им нуди комфор во реновираните соби и професионална
услуга од доброобучениот персонал. Гастронмскиот ресторан, барот,
сали за конференција, казино, бизнис центар, собна услуга, салони
за убавина, и останатите услуги го прават "Континентал"
хотел за престој во Скопје.
Тел : +389 2 313 3333
Факс: +389 2 322 2221 |
 |
| |
|
| Хотел
"Белви" |
 |
Хотелот "Белви" се наоѓа на 9км од
Скопје близу автопатот. Опкружен е со богато зеленило. Се простира
близу мало езеро и претставува мирно место за одмор. Хотелот
располага со 42 соби, 21 бунгалови, ресторан, летна тераса и
базен за пливање.
Тел: +389 2 257 2277
Факс: +389 2 257 2657 |
 |
| |
|
| ОХРИД |
| Хотел
"Метропол" |
 |
Хотел "Метропол" е од "А"
категорија со капацитет од 200 соби, 5 студија и 1 ексклузивен
апартман. Располага со ресторан, банкет сала, диско клуб, снек
бар, затворен базен, сауни и спортски терени за рекреација.
Хотелот е сместен во најубавиот дел од охридското езеро од едната
страна и планината Галичица од другата. |
 |
| |
|
| Хотел
"Белви" |
 |
Овој атрактивен хотел, отворен во јули 1989 година,
се наоѓа на истата локација како и хотелот "Метропол"
со кој тесно е поврзан. На предниот дел од хотелот проближно
на 50 метри се наоѓа прекрасна песочна плажа. Хотелот располага
со ресторан со пиано, аперитив бар, снек бар, дискотека, фоаје,
салон со ТВ приемник со сателитска антена и бутици. |
| Исто така,
има и надворешни базени за возрасни и за деца како и тениски
терени со гумена површина. |
 |
| |
|
| ГЕВГЕЛИЈА |
| Хотел
"Јасен" |
 |
Негорски бањи се наоѓаат во подножјето на планината
Кожув, на надморска височина од 50м, на одалеченост од 3км од
Гевгелија а 6км од грчката граница. Околу бањата се простираат
36 хектари јасенова шума која претставува природен парк. Хотелот
е од "Б" категорија и располага со 150 легла како
и спортски терени за многубројни активности. |
Тел:
+389 34 231 174
Факс: +389 34 231 175 |
 |
| |
|
| Хотел
"Југо" |
 |
Хотелот "Југо" со својата локација
во строгиот центар на градот е на неколку минути каде и да се
упатите. Ресторанот (со капацитет од 400 гости) со исклучителна
услуга со мени на македонски и медитерански специјалитети нуди
незаборавен впечаток. Летната бавча Зелена Градина е елегантно
катче што нуди пријатен престој во текот на целиот ден.
|
Тел: +389 34 213 222
Факс: +389 34 213 223 |
|
| |
|